X
 07.10.2021 Живот

Кај некои луѓе мозокот може да биде активен минути по смртта

Човечкиот мозок е неверојатен орган, но има ограничувања. На пример, истражувања покажуваат дека иако мислиме дека можеме, впрочем не може да правиме повеќе работи истовремено, туку брзо го менуваме фокусот помеѓу активностите.

Меѓутоа, сè уште не се знаат многу работи за делови од мозокот. Може да се живее без некои делови од овој орган, но мозокот е оној што ги контролира сите функции во телото, па затоа ја има оваа улога и по смртта, иако само неколку минути.

Во еден неверојатен случај во канадска болница во 2017 година, мозокот продолжил да праќа делта-бранови повеќе од 10 минути по потврдување на смртта на пациентот. Во случајот, на пациентот му бил деактивиран системот кој го одржувал во живот. Овој пациент бил единствен од четири пациенти што биле истражувани кај кого мозокот испраќал вакви бранови по смртта.

Брановите што ги испраќал мозокот биле слични на оние што се испраќаат додека спиеме, изјавиле истражувачите.

Во истражувањето, мозокот на секој од пациентите умирал пред да престане да чука срцето. Меѓутоа, сите мозоци реагирале различно по настапувањето на смртта, што ја прави работата на мозокот уште помистериозна.

Извори: Grunge | Independent
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот