X
 07.11.2023 Живот

Моќни фотографии од натпреварот „Најдобри фотографии за заштита на природата“ за 2023 година

Фондацијата „Заштита на природата“ го објави победникот на својот фотонатпревар за 2023 година, кој содржи фотографии што ни помагаат да се поврземе со природниот свет.

По удвојувањето на бројот на категории, натпреварот забележа експлозија на пријавени, така што оваа година имаше двојно повеќе: 80.000 фотографи од 191 земја кои доставија над 189.000 фотографии.

За победник беше избран Тибор Литаушки од Унгарија со неговата подводна фотографија каде што тритон јаде свежо снесени јајца од жаба. Фотографот успеал да го овековечи подводниот момент со прикачување метална тежина на својата камера, ставајќи ја под јајцата.

Беа именувани и 12 победници во категориите и специјална награда од судијата.

- Нашиот годишен натпревар за фотографии е инспирација. Фотографи од сите сфери на животот помогнаа да ѝ се даде глас на природата со тоа што ни покажаа што им е важно. Судиите и јас бевме дел од едно визуелно патување додека прегледувавме илјадници фотографии од аматери и професионалци. Овие влијателни фотографии ја истакнаа не само моќта на фотографијата, туку и важноста на глобалните напори за зачувување на природата - изјави Алекс Снајдер, директор на глобалниот фотонатпревар за 2023 година и координатор на судиите.

Во продолжение погледнете ги победничките фотографии.

ГАЛЕРИЈА

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Siddhartha Ghosh
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот