X
 08.03.2022 Живот

Продолжува намалувањето на бројот на заболени од ковид-19

Минатата недела беа пријавени 372 реинфекции, 31,5% помалку во споредба со претходната

Изминатава недела регистрирано е намалување за една третина на бројот на новозаразени и починати лица од ковид-19, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Од 28 февруари до 6 март биле регистрирани 2.504 нови позитивни во 34 града, што е намалување од 32,5% споредено со претходната недела. Во истиот период биле регистрирани и 44 смртни случаи, што претставува намалување од 35,3%. Според податоците, повеќе од половина од регистрираните случаи биле од Скопје (56,6%), додека највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци, Скопје и во Демир Капија.

ИЈЗ соопшти дека се регистрирани заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица над 60 години (28,2%), додека најмал број е регистриран кај возрасната група од 0 до 9 години (4,1%). Минатата недела се пријавени и 372 реинфекции, со намалување за 31,5% во споредба со претходната недела.

Досега целосно вакцинирани (со две дози) се вкупно 850.803 лица, а со трета доза се вакцинирани 144.391 лице. Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со ковид-19, како и кумулативната состојба со ковид-19 во Македонија се објавува на веб-страницата на Институтот за јавно здравје.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот