X
 08.07.2022 Живот

Хотел на Ибица нуди соба во која може да преспиете бесплатно. Но, постои услов

Хотел на Ибица се одлучи за интересен маркетиншки потег нудејќи им на гостите соба во која ќе можат бесплатно да преспијат. Но, во таа соба има стаклени ѕидови, па сите други гости ќе можат да видат што се случува внатре.

Апартманот се вика „Зиро суит“, а се наоѓа во прилично фреквентно лоби на хотелот низ кое минуваат сите гости што доаѓаат во овој хотел. Оваа соба дефинитивно не е за луѓе што имаат лесен сон, а не е погодна ни за оние што се срамат, пишуваат од хотелот.


Можностите се бескрајни ако сакате да бидете во центарот на вниманието

На веб-страницата на хотелот пишува дека во собата може да се спие бесплатно една ноќ и дека е достапна за сите уметнички перформанси, радиоемисии, диџеј-сетови. Од хотелот додаваат дека можностите се бескрајни доколку сакате да бидете во центарот на вниманието.

Олимпија Анли одлучила да ја проба собата, па го сподели искуството со своите следбеници на „Тик-ток“.

@olympiaanley i’ve made a lot of friends tonight #ibiza #paradiso #art ♬ Lights - Em1r
Извор: b92.net
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот