X
 08.10.2021 Живот

Јапонците се луди по „лади“ и ги купуваат по вртоглави цени

„Лада нива“ е познато како едно од најдолготрајните, но и најкорисни теренски возила и поради тоа стекна светска слава, а на добар пат се и некои други модели на „лада“.

Јапонците се прилично наколнети кон овој бренд на автомобили, кои неодамна беа понудени на пазарот. Сепак, за разлика од верзиите на рускиот пазар, овие се значително подобро опремени, а цената е во согласност со тоа.


Целосното име на возилото е „лада нива травел лукс офроуд“ и неговата цена се движи околу 3.480.000 јени, што е околу 27.000 евра, или неверојатни 132 отсто повеќе од цената на истиот автомобил на рускиот пазар.

За потсетување, ова е редизајн на „шевролет нива“, модел претставен во 1998 година. Механиката е идентична на „нива“, што значи 1,7 бензинец со 80 КС, мануелен менувач со пет брзини и погон на сите тркала со редукција.


Стандардната опрема вклучува клима-уред, камера за рикверц, електрификација, греење на седиштата, 16-инчни алуминиумски тркала и сноркел (екстерен вшмукувач на воздух). Но, од безбедносните системи, оваа луксузна „нива“ е опремена само со АBS.

Продавачoт кој увезува „нива“ од Русија нуди и „лада веста спорт“. Цената на спортски автомобил е 3.780.000 јени, или 29.300 евра, што е за 105 отсто повеќе од цената на домашниот пазар.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот