X
 08.11.2022 Живот

Светското население ќе достигне 8 милијарди месецов

Обединетите нации проценуваат дека светското население ќе достигне 8 милијарди на 15 ноември. Освен тоа, се очекува Индија да ја замени Кина како најнаселена земја во светот следната година.

Во извештај објавен од организацијата се вели дека растот на светското население паднал под 1 отсто во 2020 година првпат од 1950 година.

Според последните процени на ОН, светското население би можело да порасне на околу 8,5 милијарди во 2030 година, 9,7 милијарди до 2050 година и 10,4 милијарди во 2080 г. Се очекува тоа да остане на ова ниво до 2100 година.

Најголем пораст на населението се очекува во Конго, Египет, Етиопија, Индија, Нигерија, Пакистан, Филипини и во Танзанија.

Извор: Euronews
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот