X
 09.03.2021 Култура

Не користете ја левата рака, не одбивајте овошје... Овие работи треба да ги избегнувате во некои земји во светот

Златното правило за туристите е дека треба да научите што е можно повеќе за земјата во која патувате. Вредните информации што сте ги научиле пред патувањето можат да ве спасат од непријатни ситуации, но и од доведување на домаќините во истата ситуација.

Затоа, за да не испаднете непристојни откако конечно повторно ќе се најдете во „белиот свет“, овие работи е паметно да ги избегнувате во неколку земји низ светот.

Египет: Внимателно со левата рака



Оној што е левучар може да има проблеми во Египет. Исто како и во некои други муслимански земји, левата рака се смета за „валкана“, рака што на пример се користи за да се облечат чевлите.

Мештаните се убедени дека јадењето со лева рака е прилично нехигиенско. Никого нема да навредите ако земете леб со неа, но од вас се очекува да го јадете со десна рака.

Авганистан: Не фрлајте леб


Дури и ако ви падне на подот, не фрлајте го лебот. Во тој случај Авганистанците го земаат парчето леб што паднало, го бакнуваат и го враќаат во чинијата.

Истото се очекува да го сторат сите други, вклучително и странците.

Мексико: Буритото се јаде со раце


Кога ќе се најдете во Мексико и ќе нарачате бурито во ресторан, треба да знаете дека се јаде со раце.

Имено, ова јадење традиционално се јаде без прибор, па кога ќе стигне до вашата трпеза, не барајте нож и виљушка.

Португалија: Не барајте сол


Во оваа земја се смета за непристојно ако ја посолите храната бидејќи тоа е знак дека не е добро приготвена.

Ни на масата нема сол, а ако не сакате да ве гледаат чудно, воопшто немојте да барате.

Јапонија: Не одбивајте овошје



Ако Јапонците ви понудат овошје или нешто слатко, немојте ни случајно да ги одбиете затоа што може да зажалат што ви понудиле нешто.

На овој начин Јапонците покажуваат гостопримливост.

Иран: Не земајте сами репете


Кога ќе се најдете во посета на оваа азиска земја, пристојно изедете го она што ќе ви го стават во чинијата и не барајте веднаш репете.

Љубезните домаќини сигурно ќе ви понудат сами, а ако ја наполните својата чинија самоиницијативно, можно е да ги навредите.

Буенос Аирес: Дождот одложува сè


Во главниот град на Аргентина постои непишано правило според кое дождот ги одложува сите планови.

Едноставно, кога врне, не се прави ништо, па затоа немојте да се изненадите ако некој локален жител што сте го запознале претходната вечер и сте испланирале луда забава со него, откаже сè поради дождот.

Извор: B92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура