X
 09.06.2019 Култура

Библиотека во која читателите се затвораат во кафези

Сите што сакаат книги знаат дека посетата на библиотека е прекрасно искуство. Но, за оние што се наоѓаат во Ирска и ќе одлучат да ја посетат Маршовата библиотека, искуството може да биде малку поинакво. Имено, во текот на 18 век посетителите на овие библиотеки биле затворани во кафези.

Маршовата библиотека била основана во 1707 година во Даблин од надбискупот Нарцис Марш. Оваа библиотека имала многу книги, а многу од нив биле ретки и многу вредни. Затоа библиотеката за брзо време се нашла на мета на крадци. Во текот на првата деценија постоење од оваа библиотека биле украдени повеќе од илјада наслови.

Со цел да го заштитат книжниот фонд, досетливите библиотекари направиле три мали вдлабнатини во ѕидот со врати од жица. Ако некој од посетителите сакал да чита ретка и вредна книга, тој морал да прифати да го затворат во овој кафез за да не биде во искушение да побегне со книгата.

Ова била првата јавна библиотека во Ирска. Тоа било време кога идејата за место на кое луѓето би можеле да дојдат, да земат книга и по читањето да ја вратат, сè уште бил нов концепт.

Маршовата библиотека и понатаму е отворена, а кафезите и понатаму функционираат, иако никој не очекува љубителите на книгите да бидат затворени во кафез по читањето.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура