X
 10.05.2020 Живот

Американските вселенски сили регрутираат волонтери: Можеби вашата цел не е на оваа планета

Американските вселенски сили го објавија своето прво видео за регрутирање волонтери. Видеото, кое трае 30 секунди, ги охрабрува потенцијалните регрути да размислат дали нивната цел на оваа планета можеби не е на оваа планета.

- Некои луѓе гледаат во ѕвездите и прашуваат: „Што ако?“ - се слуша нараторот на снимката, кој гледа во небото.
- Нашата задача е да имаме одговор. Можеби вашата цел на оваа планета не е на оваа планета - се вели во видеото.


Твитот во кој беше и видеото вклучува и линк до достапни работни места на веб-страницата на американските воздухопловни сили.

Дури и пред објавата на видеото, официјалните лица изјавија дека добиле голем интерес. Секретарот на воздухопловните сили, Барбара Барет, во лајвстрим изјави дека добиле голем број апликации од волонтери. Се очекува до крајот на 2020 година бројот значително да порасне.

Почетокот на оперативното дејствување на вселенските сили се очекува кон средината на наредната година, а планирано е да има околу 16.000 вработени.

Интересно е тоа што видеото за регрутирање нови војници на вселенските сили е објавено по само еден ден откако „Нетфликс“ објави трејлер за комедијата што го носи истото име „Вселенски сили“ со Стив Карел во главна улога. Инаку, вселенските сили изминатите месеци беа предмет на исмејување на социјалните мрежи. Прво, откако било откриено дека нивните униформи немаат никаква врска со вселената и откако било откриено дека нивното лого е слично со логото на федерациските сили од серијата „Ѕвездени патеки“.

Извор: CBS
Фото: Screenshot/Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот