X
 10.05.2024 Живот

Карл Јунг: „Ти си она што го правиш, а не она што велиш дека ќе го направиш“

Карл Густав Јунг е швајцарски психијатар, основач на движењето познато како аналитичка психологија. Јунг е роден во малото швајцарско село Кесвил. Иако растел во голема фамилија со прилично образовани луѓе, Јунг бил осамен, што го наведувало кон фантазирање.

Уште на шестгодишна возраст почнал да учи латински, што кај него побудило интерес за изучување на јазикот и литературата, особено античката. Покрај повеќето модерни западноевропски јазици, научил да чита и на неколку древни, меѓу кои и санскритскиот.

- Ти си она што го правиш, а не она што велиш дека ќе го направиш.

- Кој гледа надвор, сонува; кој гледа внатре, се буди.

- Поставувањето на вистинското прашање е половина од решението на проблемот.

- Секој што ќе го сретнете знае нешто што не го знаете вие, но треба да го знаете. Учете од него.

- Привилегија на животот е да станеш она што навистина си.

- Размислувањето е тешко, затоа повеќето луѓе судат.

- Светот ќе те праша кој си, а ако не знаеш, светот ќе ти каже.

- Познавањето на сопствената темнина е најдобриот метод за справување со темнината на другите луѓе.

- Срамот е емоција што ја јаде душата.

- Мудроста прифаќа дека сè има две страни.

- Животот не бара совршенство, туку комплетност.

Извор: Parade.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот