X
 11.02.2024 Живот

Работи за кои луѓето најмногу жалат во животот

Во ова модерно време, на дневно ниво добиваме лоши вести без разлика дали се од финансиска или од љубовна природа или, пак, здравствени проблеми. И покрај тоа, не сфаќаме дека работите ги земаме здраво за готово.

На прашањето „За кои работи најмногу жалите во животот“, еве што одговорија читателите на веб-страницата „Базфид“.

„Ценете го она што го имате сега“


- Утре ќе наполнам 90 години. Моето тело се промени, видот ми исчезна, но ми велат дека изгледам како да имам 70 години и имам остар ум. Благодарен сум што сум жив и покрај тоа што живеам со лош артритис, а најмногу сум им благодарен на моите две ќерки кои се грижат за мене, моите внуци и внуки, кои исто така се грижат. Благодарен сум за сите години што ги поминав со моите родители, браќа и сестри, тетки, чичковци и братучеди. Ценете го тоа што го имате сега - вели еден 90-годишен човек.

„Барем порано да престанев да пијам алкохол“

- Имам 70 години и обично сум в кревет најдоцна до 21:30 часот и тоа ми одговара. Исто така, престанав да пијам алкохол пред шест години и многу ми е мило што го направив тоа. Не пиев многу, но сега знам дека алкохолот може да им наштети на внатрешните органи. Да го знаев тоа порано, ќе престанев да консумирам кога имав 30 години - вели друг интернет-корисник.

„Требаше повеќе да се грижам за себе“

- Имам 75 години. Пред да почине мојот сопруг, ми беше супер. Се грижев за него и за домаќинството, правев сѐ за него бидејќи знаевме дека нема да живее уште многу. Откако почина, јас сум во хаос. Две операции, ревматоиден артритис за кој не знаев ништо. Се грижев за сопругот, па мојот живот беше во мирување. Сега работите тргнаа наопаку. Требаше повеќе да се грижам за себе. Грижете се за себе - пишува читателка.

„Посакувам да бев похрабар“

- Посакувам да бев похрабар кога бев помлад. Се плашев од неуспех, па имаше работи што не ги пробав. Да бев похрабар, ќе започнев бизнис многу порано. Сега сум инвалид, неспособен сум за работа и сум социјален случај. Да почнев со работа порано, можев да штедам за пензија - пишува еден маж во својата исповед.

„Мислев дека сум грда“


- Имам само 34 години, но посакувам да не си го трошев времето мислејќи дека сум грда кога бев тинејџерка и во моите рани 20-ти години. Ги гледам моите слики и си мислам, барем да можев да си кажам колку сум убава - изјави една жена.

„Се плашам од реалниот живот“

- Чувствувам дека како возрасни повеќе се плашиме отколку кога бевме деца. Се плашиме од реалниот живот, неуспехот, напуштањето, губењето работа, врската... Можам да продолжам и понатаму, но би дал сѐ да се плашам од имагинарно чудовиште под мојот кревет наместо од она од што се плашам сега - признава еден маж.

„Сакав деца, но сега е доцна“

- Се забавував, имав сѐ. Патував и уживав. Секогаш ми се додворуваа помлади мажи. Се свршив неколку пати, но никогаш не стигнав до брак. Сега немам деца. Мислев дека има време. Имам свршеник девет години. Среќни сме, но посакувам да го запознаев порано. Би сакала да бидам мајка. Сега е предоцна. Ако нешто му се случи, ќе останам сама - вели една жена.

„Посакувам да одев на лекар порано“


- Имам 38 години и предолго време вежбам напорни вежби, игнорирајќи ја болката. Сега мојот грб конечно рече доста, па одам на физиотерапија. Би сакал да одев на лекар пред 10 години и да ги третирав моите повреди - напиша еден маж.

„Чувајте го вашето здравје“

- Имам 63 години. Младоста ја поминувате опседнувајќи се со вашиот изглед и не го цените вашето тело. Без разлика колку добро се грижите за него, вашите зглобови, кожа, очи и уши на крајот се влошуваат и не функционираат добро. Уживајте во вашиот тело додека можете.

Извор: Index.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот