X
 11.03.2024 Живот

Најбогатиот човек на светот на интервју за работа поставува две прашања - само една жена успеала да одговори на првото

Џеф Безос, најбогатиот човек на светот, на интервју за работа поставува само две прашања. Само една жена успеала да одговори на првото. Бизнисменката Ен Хијат раскажала за своето искуство од работењето со него.

Луѓето со кои соработувал Безос се согласуваат дека тој ја заслужува позицијата најбогат човек на светот. Хијат, која била негова лична асистентка од 2002 до 2005 година, неодамна во интервју открива како ја добила оваа работа.

Откако поминала неколку тешки круга, таа стигнала до последниот чекор - разговор со милијардерот, кој во тоа време бил извршен директор на компанијата.

- Безос го започна разговорот со ветување дека ќе ми постави две прашања, од кои едното ќе биде забавна загатка. „Сакам да го процениш бројот на прозорците во Сиетл“, ми рече тој. Стана, зеде пенкало и рече дека и тој ќе ја направи процената. За момент се исплашив. Потоа подзастанав за да се смирам, потсетувајќи се да размислам што го мотивирало да ми го постави ова прашање. Сакаше да види како функционира мојот ум - раскажува Хијат.

Таа ја почнала својата пресметка заокружувајќи го населението на Сиетл на милион, претпоставувајќи дека секој од нив има куќа, возило, канцеларија или училиште каде што учел, па сите тие работи имаат прозорци. Вкупната процена се заснова на просечниот број на прозорци по глава на жител.

- Ги разгледавме сите сценарија, аномалии и можни начини да ги објасниме исклучоците. Имав впечаток дека разговараме со часови, додека Безос ги запишуваше броевите, иако целата работа не траеше повеќе од 10 минути - вели таа.

Потоа Безос ѝ го поставил и второто прашање: Кои се нејзините цели во кариерата, а Хијат му рекла дека „Амазон“ е компанија во која работат страсни и амбициозни луѓе и тоа ја мотивира.

На крајот од интервјуто Безос ѝ кажал дека ја добила работата, давајќи ѝ биро многу блиску до неговото.

Извор: n1.info.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот