X
 11.04.2023 Култура

Нова хит-комедија ги освои корисниците на „Нетфликс“

„Нетфликс“ има нов голем хит. Станува збор за серијата „Кавга“ (Beef), која е оценета со совршени 100 отсто на „Ротен томејтос“.

Тоа е хумористична серија со десет епизоди која почна да се прикажува на платформата на почетокот од април. Во неа се зборува за двајца странци кои се вплеткани во инцидент на улица.

Во серијата глумат Стивен Јун и Али Вонг. Серијата ја фалат критичарите и гледачите, а на веб-страниците за оценување ги собира највисоките оцени.


Извор: Klix
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура