X
 11.09.2020 Здравје

Која е тајната да се остане млад и витален?

Секој сака да знае која е тајната да се остане млад и витален. Експертите препорачуваат здрава исхрана и вежбање за задржување на виталноста, а ново истражување открило дека една активност може да има значајна улога во одржувањето на младоста.

Ново истражување спроведено на Универзитет во Хамболт, Канада, покажува дека возењето велосипед им носи големи придобивки на постарите лица што сакаат да останат витални. Истражувањето било спроведено на лица постари од 65 години, дел од нив пешачеле, а другите возеле велосипед.


Фото: Freepik

Оние луѓе што возеле велосипед најмалку 30 минути трипати неделно поретко имале физички проблеми поради возраста во споредба со оние што пешачеле исто толку често. Освен тоа, постарите лица што возеле велосипед имале и повеќе енергија за други физички активности.

Истражувачите заклучуваат дека умереното до високо енергично возење велосипед ги задржува енергијата и виталноста кај постарите лица. Не е сигурно зошто лицата што возат велосипед се чувствуваат помлади од оние што само пешачат, но истражувачите веруваат дека тоа можеби е поврзано со митохондриите во клетките.

Автор: Кајл Шницер
Извор: theladders.com
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје