X
 12.01.2021 Живот

Почина академик Георги Старделов

Вчера, со навршени девет децении живот, почина еден од најзначајните македонски интелектуалци - Георги Старделов, филозоф, естетичар, есеист, книжевен критичар, антологичар, теоретичар и историчар на културата.

Старделов дипломирал на Филозофскиот факултет, на Катедрата за филозофија на Универзитетот во Белград (1953). Докторирал во филозофија на Универзитетот во Скопје (1965). Беше професор на Филозофскиот факултет во Скопје (1966-1995) и негов декан (1975-1977), прв декан на интердисциплинарните студии по новинарство (1977-1981), претседател на Филозофското друштво на Македонија и на Југославија, претседател на Друштвото на писателите на Македонија и претседател на македонскиот ПЕН-центар. Почесен член на Друштвото на уметници во Шпанската кралска академија и редовен член на Европската академија на науките и уметностите. Професор-гостин на неколку југословенски, европски и американски универзитети. За дописен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран во 1986, а за нејзин редовен член од 1991 година. Во периодот 2000-2004 бил потпретседател, а 2008-2011 нејзин претседател. Раководител на Лексикографскиот центар во МАНУ од неговото основање во 2000. Основач и претседател на еден од најпознатите, сеопфатни и значајни хуманистички и интердисциплинарни макропроекти на МАНУ - „Историја и култура на Република Македонија“ (од 1993 година).


Фото: Јутјуб / принтскрин

Добитник на неколку домашни и странски награди и признанија. Автор е на повеќе од 30 значајни книги од областа на естетиката, историјата на естетиката и есеи. Автор на многу поетски и прозни антологии. Преведувал и уредил многубројни капитални филозофски дела и автори. Ги има постигнато најзначајните резултати на полето на примена на филозофската херменевтика во анализата на книжевните и уметничките феномени.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот