X
 12.02.2024 Живот

Возачките дозволи со Република Македонија ќе важат до крајот на годинава

Собранието попладнево, со 110 гласови „за“, ниту еден против и воздржан, во рамки на 144. седница, по скратена постапка го донесе Законот за измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата според кој, возачките дозволи со Република Македонија ќе важат до крајот на годината. 

Согласно измените, рокот за вадење нови возачки со ознаката Република Северна Македонија наместо до вечерва на полноќ, се продолжува до 31 декември 2024.

Според првичното решение, возачките дозволи со ознаката Република Македонија, од утре веќе немаше да важат не само надвор, туку и во државава.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот