X
 12.03.2024 Наука

Популацијата на дивиот свет намалена за 69 отсто за 50 години

Светската организација за заштита на дивиот свет (WWF) го користи овогодишниот Светски ден на дивиот свет за да ја нагласи важноста на сите диви видови на планетата - од растенија, до габи, риби, водоземци, влекачи, па дури и цицачи. Сите тие се една алка во синџирот на природната рамнотежа, а со исчезнувањето на една алка се нарушува целиот екосистем на планетата.

Токму затоа е загрижувачки најновиот извештај на организацијата за состојбата на планетата, кој покажува дека популацијата на дивите видови се намалила за 69 отсто во последните 50 години. Овој период е пократок од животниот век на просечен човек.

- Податоците се јасни: светот моментално е во двојна криза - криза на губење на биолошката разновидност и климатска криза поттикната од неодржливото користење на ресурсите на нашата планета. Ако не престанеме да ги третираме овие кризи како два посебни проблеми, нема да ефикасно да решиме кој било од нив - вели Ивона Станиќ од „WWF Adria“.

Ова се причините за исчезнувањето

Најзначајните причини за исчезнувањето на дивите видови се проширувањето на земјоделството и урбаниот развој, уништувањето на шумите, прекумерниот риболов, употребата на неодржливи извори на енергија и загадувањето на морето, водата и копното, што потоа доведува до исчезнување на живеалиштата на дивите видови, исчезнување на водата и климатска криза. Извештајот за глобалните ризици што го објавија од Светскиот економски форум покажува зголемување на итноста и широчината на еколошките ризици за светската економија, но и длабочината на меѓусебната поврзаност меѓу еколошките ризици, економските и геополитичките тензии.

Природните екосистеми се одговорни за апсорпција на над 50 отсто од емисиите на јаглерод во последните десет години. Забрзаното исчезнување на природата е значајна закана за нас, луѓето. За поздравување е усвојувањето на Регулативата за обнова на природата, која ги обврзува земјите-членки на ЕУ да ги обноват оштетените екосистеми и да придонесат за постигнување на целите на ЕУ за климата и биодиверзитетот.

- Регулативата претставува историска можност да се врати природата во Европа и да се овозможи побезбедна и поздрава иднина за граѓаните, поради што се надеваме дека земјите-членки и формално ќе ја одобрат - велат од „WWF Adria“.

Извор: Index.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука