X
 12.06.2023 Живот

Почина поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони почина на 86-годишна возраст. Тој беше лидер на политичката партија Форца Италија.

Медиумскиот тајкун, кој водеше три италијански влади во периодот меѓу 1994 и 2011 година, беше партнер и во моменталната владејачка коалиција и веќе некое време боледуваше од леукемија.

Берлускони беше еден од најекстравагантните италијански политичари, кој направи камбек во политиката во 2017 година и покрај кариерата полна со секс-скандали, наводи за корупција и пресуда за даночни измами.

Берлускони беше сопственик на Медијасет, најголемата комерцијална медиумска компанија во Италија, а во периодот меѓу 1986 и 2017 го поседуваше и фудбалскиот клуб Милан.

Извор: Guardian

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот