X
 12.11.2023 Живот

Загатка што ги збуни интернет-корисниците: Дали можете да ја решите?

Одвреме-навреме на социјалните мрежи ќе се појават оптички илузии и загатки кои предизвикуваат лавина реакции кај корисниците. Секој од нас сака да ја тестира сопствената интелигенција, па сака да реши некоја загатка.

Веќе е познато дека загатките и прашањата предизвикуваат одреден вид докажување во општеството, а во центарот на тоа се коментарите на социјалните мрежи. Така, пред неколку дена на „Твитер“ се појави загатка со катанец чија цел е да се открие кодот што го отвора тој катанец. Во описот на загатката има пет совети кои би требало да го олеснат решавањето.

Можете ли да го пронајдете кодот што одговара користејќи ја дадената помош?

682 - Една цифра е добра и е на соодветното место;
614 - Една цифра е добра, но на погрешно место;
206 - Две цифри се добри, но и двете се на погрешно место;
738 - Сите цифри се погрешни;
380 - Една цифра е добра, но на погрешно место.

Доколку не сте успеале да ја решите загатката, одговорот е 042.

Извор: Mojfaks.dnevnik.hr
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот