X
 12.12.2022 Забава

Веб-страница го покажува ефектот од удар на астероид во вашиот град

На интернет може да се најдат секакви веб-страници, па дури и таква што прави симулации на астероид. Со помош на оваа веб-страница може да видите какви би биле последиците од удар на астероид во вашето место на живеење.

Веб-страницата е многу детална и ви овозможува да одбирате помеѓу астероиди со различен состав и големина. Откако ќе го направите изборот на астероид и локација, веб-страницата ќе направи процена на штета и смртни случаи што би ги предизвикал ударот.



Веб-страницата кажува колку луѓе би загинале од ударот, а колку би имале оштетување на здравјето поради ударот, како и лица кои би починале поради брзината на ветерот во близина.

Оваа веб-страница може да ја најдете овде.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава