X
 13.01.2019 Живот

„Не верувај ѝ на жена што лаже“ - најдобри цитати од Алан Форд

Генерации и генерации пораснале со легендарната екипа на Алан Форд. Се потсетуваме на најдобрите цитати од популарниот роман.

- Подобро да живеам 100 години како милионер отколку седум дена во беда.
- Не е важно да се учествува, важно е да се победи.
- Ако имаш цел да победиш, не смееш да изгубиш.
- Оној што спие не е буден.
- Вооружи се и бегај.
- Подобро нешто од ништо, отколку ништо од нешто.
- Ако сакате да победите во трка, прво мора да поминете низ целта.
- Не предавај се никогаш, освен кога мораш.
- Алан, да бегаме, тие се двајца, ние сме сами.
- Проклетство, овој ѕид е мазен како мазен ѕид.
- Ништо не ветуваме и тоа го исполнуваме.
- Овде почива оној што повеќе го нема.
- Мене најмногу ќе ме погоди сопствената смрт.
- Подобро е да се биде богат отколку да не се биде.
- Купете цвеќе за саканата жена, но не заборавајте ја и сопствената.
- Познатиот сицилијански адвокат тврди дека сето тоа е плод на полициска имагинација.
- Не верувајте ѝ на жена што лаже.
- Кој оди, не трча.
- Подобро е да се издаде книга отколку непријател.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот