X
 13.02.2024 Живот

Ќерка ми почна да го имитира девојчето на едни пријатели - прави гримаси, испушта крици и го плази јазикот како неа. Како да престане?

Мојата ќерка само што наполни две години. Пред околу 3 месеци се сретнавме со пријатели кои не живеат во Македонија и имаат мало девојче кое е околу една година поголемо од нашата ќерка. Се видовме само три пати. Притоа, девојчињата само трчаа наоколу и си играа самостојно, бидејќи се мали за заедничка игра. Потоа почна нашиот проблем. Ќерка ми е многу интелигентна и многу зборува, за разлика од другото девојче, кое многу малку зборува и постојано испушта крици и го плази јазикот. Оттогаш, веќе 3 месеци, ќерка ми постојано го имитира девојчето, прави исти гримаси, испушта исти крици и го плази јазикот исто како неа. Тоа вообичаено го прави кога јас вршам домашни обврски или разговарам со друг, а не со неа. Инаку, во текот на денот ѝ посветуваме доволно внимание, многу работиме со неа, постојано ја носиме на прошетки и си играме. Но таа сака времето во текот на денот да биде 100 отсто посветено на неа. Пробавме полека да ѝ објасниме дека тоа што го прави не е добро, пробавме со казнување, пробавме со викање, пробавме со игнорирање. Нема никаков ефект, туку спротивно, ситуацијата станува уште полоша. Ве молам кажете ми совет како да постапуваме во тие моменти?

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот