X
 13.04.2024 Живот

Десет познати пијалаци инспирирани од ТВ-серии и филмови

Свесно или потсвесно, ТВ-сериите и филмовите долго време влијаат врз нашите секојдневни избори. Ова е дополнително поттикнато од социјалните медиуми во оваа модерна доба бидејќи моментите на популарната култура честопати се споделуваат, се претвораат во „мемиња“ и се етикетираат како „тренди“, додека не дојде нов момент на „лудило“.

Влијанието на популарната култура ги надминува сите жанрови, вклучително и културата на коктели, каде што се појавија многу познати пијалаци од нашите омилени серии и филмови - од „Вајт рашн“, „Олдфешн“ и „Космополитен“, до уникатните креации како што се „Памптини“, „Веспер“ и „Ред ај“.

Еве го потеклото на 10 познати пијалаци што мора да ги пробате барем еднаш.

ТВ-серии

„Пумптини“ - „Правилата на Вандерпумп“

Алузија на „Пумптини“ од ТВ-шоуто може да се најде уште во 2015 година, кога главниот шанкер во поранешниот ресторан „Памп“ на Лиза Вандерпумп истакна дека тоа е омилениот пијалак на Џенифер Лорен (и нивниот најпродаван коктел). Вистинските обожаватели, сепак, знаат дека тоа беше извикот на Џејмс Кенеди: „повеќе Пумптини!“ во третата епизода од петтата сезона (2016), што навистина го направи коктелот познат и му даде култен статус на организираните забави за следење на серијата.

„Космополитен“ - „Сексот и градот“

Ненадејната популарност на овој коктел по неговото појавување во серијата „Сексот и градот“ во втората сезона во 1999 година е придружена со дебата. Сепак, Кери Бредшо и нејзиниот тим го оживеаја коктелот, комбинирајќи вотка, сок од брусница и свеж сок од лимета. Пијалокот се служи во чаша за мартини, а неговата розова боја ја крие неговата сила и суптилна киселост.

„Олдфешн“ - „Мажите од Медисон“

Во текот на седумте сезони на емитување од 2007 до 2015 година, главниот лик на серијата, Дон Дрејпер, кој го игра Џон Хам, често се гледа како пие, а понекогаш и прави свој коктел „Олдфешн“. Слично како во „Сексот и градот“, овој коктел базиран на виски доживеа ренесанса благодарение на оваа серија. Деталите се важни бидејќи Дрејпер претпочиташе виски наместо бурбон, но и двете може да се користат како основа за коктелот.

„Аперол шприц“ - „Белиот лотос“

Овој коктел со години се истакнува во текот на денот кога се намалуваат цените на пијалаците или храната, толку многу што во 2019 година се пишуваше дека е премногу популарен со оглед на тоа за каков пијалак се работи. Коктелот беше оживеан во „Белиот лотос“ на Ејч-би-о во 2022 година. Првата епизода од втората сезона ги покажува брачните парови: Дафне (Меган Фахи) и Камерон (Тео Џејмс) и Итан (Вил Шарп) и Харпер (Обри Плаза) - седнати на маса како пијат „Аперол шприц“.

„Вотка мартини“ – „Арестед девелопмент“

Во текот на трите оригинални сезони од 2003 до 2006 година, како и во две повратни сезони во 2013 и 2019 година, Блут Лусил (портретирана од Џесика Волтер), редовно се појавува со преполна чаша вотка мартини во раката. Најпопуларната верзија е со една или две маслинки на дното.

„Гибсон мартини“ - „Кралски гамбит“


Во оваа мини-серија од 2020 година, Бет Хармон (ја игра Ања Тејлор-Џој) е главниот лик, шаховско чудо што никогаш не бега од коктелот, во седумте епизоди. Бет првпат дознава за коктелот во текот на летото, од нејзината маќеа, па пие една голтка и вели: „Добро е! Дали е тоа мартини?“ Таа одговара: „Гибсон. Мислам дека кромидот е малку посуптилен од маслинката“.

Филмови


„Веспер мартини“ - „Џејмс Бонд“


За многу љубители на пијалаци, мартини со вотка „протресено, не измешано“ им паѓа на ум кога ќе помислат на филмскиот серијал за Џејмс Бонд. Сепак, Веспер е мартини што стои надвор од своја категорија бидејќи авторот Иан Флеминг го создал рецептот специјално за неговиот измислен лик Бонд, кој на крајот го именувал по неговата љубов, интересната агентка Веспер Линд. Пијалакот првпат се појави во неговиот роман „Казино Ројал“ од 1953 година, но со текот на годините се здоби со популарност преку неговите филмски појавувања.

„Вајт рашн“ - „Големиот Лебовски“

„Слушај, внимавај човеку! Еве пијалак!“, извикува ликот на Џеф Бриџис во филмот на браќата Коен - „Големиот Лебовски“ од 1998 година. Пријателот е во боксерки и го држи својот познат бел пијалак додека го принудуваат да влезе во задниот дел од автомобилот. Гледачите веќе знаат дека тоа е „Вајт рашн“ затоа што ликот купува крем за пијалакот и продолжува да го нарачува во текот на филмот.

„Френч 75“ - „Казабланка“

Овој филм од 1942 година, во режија на Мајкл Куртиз, со Хемфри Богарт во главната улога, прави многу референции за коктели бидејќи многу сцени се случуваат во фиктивниот бар „Рикс кафе американ“. Помеѓу нарачките за коктели, шампањ и коњак и ракија, коктелот добил најголема популарност откако ликот на Богарт - Рик Блејн ја побарал оваа пијачка по средбата со својата поранешна љубовница и нејзиното ново момче.

„Ред ај“ - „Коктел“


Иако „Ред ај“ е и модерно кафе, коктелот со исто име е создаден како пијалак „против мамурлак“, за да ве оживее по пијанство. Овој уникатен пијалак му беше претставен на светот со филмот „Коктел“ од 1988 година, во кој Том Круз го толкува ликот на Брајан Фланаган, талентиран шанкер од Њујорк, кој завршува на Јамајка. Иако можеби не е најпопуларниот пијалак денес, не може да се негира возбудата што овој филм ја создаде околу овој зачинет пијалак.

Извор: Forbes.n1info.rs

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот