Сагата за Железниот трон полека се движи кон крајот, иако наредната книга во „Песна за мраз и оган“, „Ветровите на зимата“, сѐ уште е само сјај во очите на обожавателите.
Во едно неодамнешно интервју за „Гардијан“, Џорџ Р. Р. Мартин се отвори и искрено зборуваше за предизвикот да го состави својот најнов роман и зошто се појавија дополнителни дела како „Оган и крв“ пред да се објави новата книга.

Фото: НВО
- Се борам веќе неколку години. „Ветровите на зимата“ не е роман, туку десетици романи, секој со различен протагонист, секој од нив има различни ликови и антагонисти и сојузници и љубовници околу нив, и сите тие се поврзани на еден сложен начин. Тоа значи дека оваа задача е многу предизвикувачка. Спротивно на тоа, „Оган и крв“ беше многу едноставен роман. Не дека беше тежок, ми требаа години за да го составам и него, но беше полесно - раскажува Џорџ.
Ова би можело да биде фрустрирачко за многу обожаватели, но има смисла: приказните на Мартин вклучуваат исто толку кореографија колку и креативност и во одреден момент тоа станува масивен подвиг. Составувањето заедно е неверојатно тешко. Креативната работа сепак е работа, така што убаво е да се види дека Мартин искрено зборува за тоа, особено затоа што тој никогаш не бил под толкав притисок.
Интервјуто открива и дека Мартин работи со Ејч-би-о на неколку други проекти за кои не може да открие детали.
Не е јасно кога „Ветровите на зимата“ ќе излезе, но „
Игра на троновите“ ќе се врати на телевизија наредната година.