X
 07.05.2017 Култура

Франција си доби нов претседател

francija
Фото: Pixabay

Во Франција се затворени избирачките места откако помина и вториот круг од претседателските избори.

Излезните анкети покажуваат дека Емануел Макрон е новиот француски претседател. Тој освои 65.5% до 66.1% од гласовите, додека лидерот на Националниот фронт Марин Ле Пен доби помеѓу 33.9% и 34.5% од гласовите, велат анкетите од институтот „Harris Interactive“.

Емануел Макрон ќе биде најмладиот претседател во историјата на Франција, со убедливата победа против неговата 48 годишна против кандидатка.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура