Оглас за вработување во ЈЗУ "Здравствен дом на Скопје" - Скопје

Врз основа на член 22, став 1, точка 1, став 3 член 23 став 1 и 3 и член 24 од Законот за работните односи („Сл.весник на РМ” број 54/2013 пречистен текст) член 157 став 1 точка 1 член 158 став 1, 2, 5 и 6, член 159, 160 и 161 од Законот за здравствена заштита (Сл. весник на РМ бр.10/2013 пречистен текст и 87/2013) член 28.став 1 и 2 алинеја 4 од Статутот на ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје” - Скопје и добиената согласност од Министерството за финансии на P.M. број 02-40132/2 од 30.12.2013 година, согласно Одлуката на вд. директорот број 04-8086/1 од 31.12.2013 година, вд. директорот на ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје” Скопје објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС
Се објавува Јавен оглас за вработување на здравствени работници во работен однос на неопределено време за работно место:

1. Доктор на медицина - 10 (десет) извршители
2. Медицинска сестра - 8 (осум) извршители

Кандидатите за вработување треба да ги исполнуваат општите и посебните услови предвидени со законот:
Општите услови:
- да е државјанин на Република Македонија
- да е полнолетен
- да има општа здравствена способност
- да не му е изречена со правосилна одлука забрана за вршење на професија, дејност или должност.

Посебни услови:
А) Кандидатите под реден број 1
- да има соодветно високо образование Медицински факултет
- да имаат положен стручен испит
- да имаат лиценца за работа
- да имаат познавање на еден од светските јазици (англиски, германски или француски) -со или без работно искуство

Потребни документи кои треба да бидат доставени:
- пријава, кратка биографија со адреса на живеење
- диплома или уверение за завршено образование (со просек на успех) оригинал или копија заверена на нотар); нострификација на диплома за кандидати кои завршиле во странство (со еквиваленција на оценки);
- уверение за положен стручен испит
- лиценца за работа
- доказ за познавање на еден од светските јазици (англиски, германски или француски)
- доказ за работно искуство
- уверение за државјанство
- извод од матична книга на родените
- лекарско уверение за општа здравствена способност
- уверение од суд дека не му е изречена со правосилна одлука забрана за вршење на професија, дејност или должност.

Посебни услови:
Б) Кандидатите под реден број 2
- Да има средно медицинско училиште смер медицинска сестра
- да има положен стручен испит
- со или без работно искуство

Потребни документи кои треба да бидат доставени:
- пријава, кратка биографија со адреса на живеење
- диплома за завршено образование смер медицинска сестра (со оценки) (свидетелства за 4 години) (оригинал или копија заверена на нотар), нострификација на диплома/свидетелства за кандидати кои завршиле во странство (со еквиваленција на оценки)
- уверение за положен стручен испит
- доказ за работно искуство
- уверение за државјанство
- извод од матична книга на родените
- лекарско уверение за општа здравствена способност
- уверение од суд дека не му е изречена со правосилна одлука забрана за вршење на
професија, дејност или должност 
      
Рокот за пријавување на конкурсот е 5 работни дена, сметано од денот на објавување на огласот, во средствата за јавно информирање. Ненавремено доставените и некомплетни пријави нема да бидат предмет на разгледување. Кандидатите под реден број (1) и (2) ќе бидат избрани врз основа на ранг-листа, предложена од комисијата за селекција со најмалку тројца кандидати. Пријавите со потребните документи да се доставуваат во Архивата на ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје” Скопје во Поликлиника „Бит Пазар” соба број 178 или на адреса бул. „Крсте Мисирков” бр. 28, Скопје.

ЈЗУ „ЗДРАВСТВЕН ДОМ НА СКОПЈЕ” - СКОПЈЕ 
 
 
fakulteti.mk©2012