X
 14.05.2018 Технологија

„Фејсбук“ воведува своја криптовалута?

„Фејсбук“ влегува во бизнисот со криптовалутите и наводно наскоро ќе претстави своја, објавија американските медиуми.

Засега нема конкретни информации за ова, но од „Фејсбук“ истакнаа дека размислуваат за криптовалути.

-Како и многу компании, така и „Фејсбук“ ја разгледува можноста за употреба на блокчејн технологијата. Нов мал тим ќе ја разгледува опцијата од овој домен. Засега тоа е сѐ што имаме да кажеме - истакнаа од компанијата.

„Фејсбук“ неодамна, воведувајќи ги најголемите промени од основањето, објави дека во новиот тим ќе има експерти за блокчејн технологија, но тоа тогаш не се поврзуваше со криптовалути.

Изгледа дека „Фејсбук“ наскоро ќе има свој биткоин, или како и да се вика...
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија