X
 14.05.2023 Живот

Фотографии покажуваат како спијат пчелите во цвеќињата

И пчелите спијат, но тоа е нешто на кое ретко сме сведоци.

Познато е дека пчелите се трудољубиви и дека неуморно работат, без разлика дали собираат нектар, градат нова кошница, прават вкусен мед, ја штитат својата кралица или зујат наоколу. Но, дали пчелите некогаш наоѓаат време за пауза и одмор? Дали спијат?

spienje
Фото: Flickr

Да, но тоа е нешто на кое ретко сме сведоци. Научникот кој прв открил дека пчелите спијат е Валтер Кајзер. Тој забележал дека пчелите дремат наведнувајќи ја главата кон земјата, наведнувајќи ги антените и потпирајќи ги крилјата на нивните тела.

pceli
Фото: badbeekeepingblog.com

Всушност, често може да се најдат пчели кои спијат на цвеќиња, но тие обично се будат веднаш штом ќе наиде некаква опасност. Додека спијат, температурата на телото на пчелите опаѓа. Ваквото однесување наликува на нашите навики за спиење.

1
Фото: Pinterest

Моделот на спиење на пчелите


За разлика од луѓето, не сите пчели одговараат на деноноќниот ритам (спиење ноќе, активни на дневна светлина). Тоа зависи од улогата на пчелата во кошницата.

Само постарите пчели спијат ноќе, а пчелата работничка може да има неправилни дремки во текот на целиот ден и да нема фиксна шема.



Извор: Brightvibes.com
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот