X
 14.06.2023 Здравје

Алкохолот го подобрува здравјето на срцето бидејќи го намалува стресот

Умереното пиење алкохол може да доведе до подобро здравје на срцето, иако научниците досега не беа сигурни за причината што стои зад тоа. Досега биле докажани здравствените ризици од пиењето алкохол, како зголемен ризик за заболување од рак, невролошко стареење итн. Тогаш, зошто ефектот на алкохолот врз срцето е различен?

Ново истражување спроведено во болница во Масачусетс покажува една можна причина зошто алкохолот може да биде добар за здравјето на срцето: тој го намалува стресот и со тоа го заштитува срцето.

Истражувачите ги донеле заклучоците врз основа на податоци од над 50.000 луѓе. Биле направени и дополнителни анализи на снимки од мозоци на 1.000 учесници, кои потврдиле дека лицата што претходно имале анксиозност имале 40 отсто помали шанси да заболат од срцева болест доколку умерено пијат алкохол.

Сепак, научниците посочуваат и кон лошите ефекти на алкохолот врз целокупното здравје и препорачуваат други начини на намалување на стресот, како вежбање и подобро спиење.

Извор: Time
Насловна фотографија: Pixabay 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје