X
 14.11.2023 Живот

По гледањето на овој документарец на „Нетфликс“, луѓето ја молат полицијата повторно да почне истрага

Гледачите на овој возбудлив документарец на „Нетфликс“ ја молат полицијата повторно да ја отвори истрагата за случајот во кој биле убиени седум лица.

Во 1979 година приближно 35 луѓе се качиле да се возат со возот наречен „Сиднеј гоуст трејн“ во забавен парк во Сиднеј, Австралија. Овој воз бил главната атракција во забавниот парк и повеќе од 40 години луѓето се возеле низ темните тунели.

На 9 јуни 1979 година, некои луѓе во паркот почувствувале мирис на чад од возењето, но верувале дека сето тоа било дел од специјалните ефекти. Кога црни облаци почнале да се креваат од внатрешноста на возот, станало јасно дека не е така.

Овој инцидент е тема на документарецот „Изложени: Пожарот на возот на духови“ (англ. „The Ghost Train Fire“) кој ги освои гледачите откако пристигна на „Нетфликс“. Во три епизоди, серијата ги истражува деталите поврзани со самиот инцидент, вклучувајќи го и потенцијалното прикривање и корупцијата.

Гледачите бараат полицијата повторно да започне истрага

Еден наредник од Нов Јужен Велс тврдел дека пожарот бил намерно подметнат. Точната причина за пожарот никогаш не била утврдена, а по гледањето на документарната серија и интервјуата со луѓето запознаени со инцидентот, гледачите ја повикуваат полицијата уште еднаш да го истражи случајот.

„Високи препораки за овој документарец“, „Истрагата мора повторно да се отвори за доброто на семејството на овие седум лица“, „Овој документарец ме скрши“, се само дел од коментарите на интернет-корисниците.

Шест момчиња и еден маж се меѓу загинатите во пожарот. По инцидентот, судската истрага открила дека недостигот на осветлување и знаци во внатрешноста на возот ја отежнувал евакуацијата на патниците.

Сепак, многу детали околу трагедијата остануваат мистерија.

 

Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот