X
 14.12.2022 Живот

Родниот град на Меси забрани бебињата да се нарекуваат по неговото презиме

Иако Лионел Меси е едно од најпознатите имиња во светот, во неговиот роден град Росарио е забрането да се именуваат децата по неговото презиме.

Аргентинските медиуми уште пред 8 години известија за преседанот кога еден навивач успеа на своето новородено дете да му го даде името Меси.

Службеник од Росарио своевремено предупреди дека е забрането новороденчињата да се нарекуваат Меси, и покрај фактот што човек од југот на Аргентина доби дозвола така да го нарече своето бебе.

Навивачот Ектор Варела издејствувал матичниот регистар на Рио Негро да го прифати името Меси за неговото бебе, кое тогаш било само две недели старо. Тој побарал посебно одобрение од агенцијата не знаејќи дека неговиот син ќе биде првата личност во Аргентина што ќе го носи тоа име. Така, неговиот син денес е познат како Меси Варела.

И покрај преседанот, властите сакале да се осигурат дека ниту еден друг родител нема да тргне по стапките на Варела, па директорот на цивилниот регистар на провинцијата Санта Фе, Гонсало Карижо, за тамошните медиуми изјави дека користењето презимиња како имиња е забрането со закон бидејќи може да предизвика забуна.

Владините процени покажуваат дека по Светското првенство во 2014 година во Бразил, две од 10 родени деца добиле име според некој играч од репрезентацијата на Аргентина, а листата ја предводат имињата Лионел или Леонел, Анхел, Гонсало, Серхио и Хавиер. Тогаш Аргентина не го освои пехарот откако со 1:0 загуби од Германија во финалето.

Извор: b92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот