X
 14.12.2023 Економија

Колку изнесува просечното богатство на жителите низ Европа?

Мапа на веб-страницата „Лендгајст“ покажува колку изнесува личното богатство на просечен возрасен жител во земјите низ Европа.

Богатството е прикажано во американски долари и вклучува финансиско и нефинансиско богатство, како имот и недвижности.

Цифрите се однесуваат на медијаната, а не на просекот, за да се покаже реалната состојба во секоја од земјите. Со други зборови, половина од населението има поголемо богатство од цифрата која е покажана, а половина има помало богатство.

На врвот се Исланд и Луксембург, со богатство од 413.193 долари и 360.715 долари, соодветно.

На мапата може да се види дека западната половина од Европа има повисоко богатство од источната половина на континентот. Ова делумно може да се објасни со разликите во просечната плата и трошоците за живот во земјите.

Најмало богатство имаат жителите во Турција (5.488 долари) и Русија (8.595 долари).

На мапата нема податоци за Македонија.


Фото: Landgeist

Извор и фотографија: Landgeist
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија