X
 10.02.2015 Образование

Клубот на богати претприемачи кои се откажале од факултет

Пол Гу се откажа од студиите на универзитетот „Јејл“ пред четири години за да стане претприемач. Тогаш, тој се пресели во Калифорнија и заедно со двајца вработени во „Гугл“ основаше компанија.


Тој е како и останатите млади и надежни претприемачи во Силициумската долина. Но, тој е еден од малкумината одбрани кои добија 100.000 американски долари за да го напуштат факултетот и да ги следат своите соништа. Питер Тил беше човекот кој им ја даде оваа награда на одбраните неколкумина.

Пет години откако милијардерот Тил го претстави својот грант, проектот ја освои јавноста. Сметањето на Тил дека факултетот е преценет предизвикаа пофалби, но и критики. Ставовите на јавноста се поделени.

Искуствата на Гу и другите претприемачи не биле лоши, ниту драматично успешни. Многу од нив велат дека го ценат она што им било понудено од факултетот, но и не почувствувале дека имаат потреба од диплома за да ги следат соништата. Сите се согласуваат дека откажувањето од студиите не е за многумина, но се надеваат дека се доказ дека факултетот не е единствениот пат до успехот. Во 2010 година, Тил го претстави својот план на конференција во Сан Франциско.

„Треба да трошиме повеќе време фокусирајќи се на технологиите кои ќе ја однесат нашата цивилизација на следното ниво“, изјавил тој на настанот.

Пред публиката, тој го претстави планот за доделување грантови од 100.000 долари за 20 луѓе помлади од 20 години за да се откажат од факултет и да ги следат своите страсти. Една од главните работи поради кои Тил е против факултетот е неговата висока цена. Првиот повик привлекол повеќе од 400 пријави, од кои биле одбрани 24 луѓе.

Програмата продолжува и денес. Досега 83 луѓе го добиле грантот за да се откажат од факултет. Поголемиот дел од нив основале компанија, еден од нив се вратил на факултет, а еден се откажал од програмата.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование