X
 24.02.2015 Образование

Интерактивно предавање - Автономни зони на слободната свест

АКСЦ во поддршка на студентите со интерактивно предавање и дискусија на тема „АВТОНОМНИ ЗОНИ НА СЛОБОДНАТА СОВЕСТ“.

Архитектонски факултет, вторник 24 февруари, 18 ч.
и Филозофски факултет, среда 25 февруари, 17 ч.

 

Во ова општество студентите се новите жаришта на слободата. Одговорно анрахични, политички зрели, артикулирани, со својот Донкихотски потег ги освојуваат и нашите рајски зони на слободата. Тоа се идните органски, а не салонски интелектуалци. Се гледаме на новите места на надеж, на студентските автономни зони на Архитектонскиот факултет во вторник во 18 часот и на Филозофскиот факултет во среда во 17 часот. Поканети се сите мислечки луѓе. Се надевам дека ќе го задржиме вашето внимание. Се гледаме

„Човекот е суштество осудено на слобода” - Жан Пол Сартр

* * *

Автономниот културно-социјален центар е алтернативен простор за активизам и независна култура. Слободен, отворен, некомерцијален и непрофитен, АКСЦ е креативен отпор на системот и формите на политичка и економска моќ. Слободна зона за уметничко изразување, критичко размислување, дебатирање и општествено-ангажирано делување. Место за дружење и размена на знаења и искуства.

Целите на АКСЦ се: поттикнување на духот на самоорганизирањето, солидарноста и подигнување на самодовербата на сите оние што сакаат да бидат креативни, општествено одговорни и ангажирани - менување на конвенционалните концепти, идеи и носење нови и прогресивни. Сакаме да ја развиеме критичката мисла, да овозможиме простор за размена на идеи и знаења, развој на независната културна сцена, поддршка на граѓанскиот и самоникнат (grassroots) активизам и општествено маргинализирани групи. Главна цел на АКСЦ е низ неговото работење да покаже дека е можен различен свет кој ќе почива врз вредности поинакви од моментално етаблираните.

Вредности и принципи:
Утопија во практика или преку практика покажуваме дека подобар свет е можен.

Слобода! Солидарност! Рамноправност! Правда! Заемна помош! Емпатија!

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование