X
 03.03.2015 Здравје

Светската здравствена организација со предупредување за младите

Луѓето кои користат слушалки треба да ја ограничат нивната употреба на еден час дневно и да го намалат звукот за да спречат трајно оштетување на слухот, препорачуваат од Светската здравствена организација.


Агенцијата на Обединетите Нации изјави дека младите луѓе имаат најголем ризик за оштетување на слухот, особено оние кои доаѓаат од средни или богати земји. Речиси половина од 12-35-годишниците користат слушалки и слушаат прегласен звук. Речиси 40% од младите се изложени на штетни звучни нивоа во ноќни клубови, барови и спортски настани.

„Како што се зголемува интензитетот на звукот истовремено се намалува дозволеното време за безбедна изложеност на висок звук“, вели д-р Шели Чада, експертка за оштетен звук од Светската здравствена организација.

Звукот со интензитетод 85 децибели, еднаков на сообраќаен метеж, може да биде безбеден до 8 часа. Но, ова безбедно време се намалува двојно со секои три децибели нагоре. Затоа, звук од 100 децибели е безбеден само 15 минути.

„Тинејџерите и младите луѓе може подобро да го заштитат својот слух со намалување на звукот на слушалките и носење заштитни слушалки за време на гласни настани“, изјавуваат од Светската здравствена организација.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје