X
 04.03.2015 Технологија

Новите технологии ги поместија границите на невозможното

Телефонот е најважното средство без кое ниту еден модерен човек не може да функционира. Тоj е неизоставен дел од нашиот живот, разонода, средство за работа и друштво! Децата уште од најмала возраст ја разбираат технологијата на паметните телефони, сите млади користат интернет и важно им е да се постојано поврзани каде и да се наоѓаат, во кафуле, на планина или во хотел. Македонците преку социјалните мрежи сакаат да се „чекираат“ и да собираат лајкови за своите статуси. На мобилен телефон се гледа телевизија, се играат игри, се плаќаат сметки, се комуницира на социјалните медиуми, се праќаат приватни или службени меилови...

 

tech

 

Стабилната и квалитетна мобилна мрежа е сржта на секоја комуникација. А, комуникацијата не е само забава, туку и бизнис. Затоа, денес добрата мрежа е неопходнa со цел луѓето поедноставно и успешно да се справат со сите предизвици во турбулентното секојдевие.

 

Во таа насока, кога станува збор за квалитет на мобилна мрежа, главниот заклучок од истражувањето на реномираната истражувачка агенција Брима, дел од TNS групацијата и македонски член на GALLUP International е дека мрежата на Т-Мобиле е најдобра во земјава. Со тоа се согласуваат дури 68 отсто од граѓаните на Република Македонија.

 

Истражувањето е спроведено во февруари оваа година, преку интервју со случајно избрани граѓани по утврдена методологија кои доброволно одговараа на прашања поврзани со работењето на телекомуникациските оператори, нивните услуги и производи. Беа опфатени 1000 граѓани на возраст над 15 години.

 

Ова истражување потврдува дека Т-Мобиле како оператор нуди квалитет и сигурност на услугите, како и достапност на корисниците во секое време, независно дали се дома или во движење. Едноставно, беспрекорната комуникација е синоним за оваа компанија, чијшто главен фокус секогаш е корисникот.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија