X
 10.03.2015 Живот

Какво време не' очекува денес, и каква е состојбата на патиштата низ Македонија?



Во Македонија во утринските часови ќе има појава на магла. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со кратки сончеви периоди но и со услови за врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините со врнежи од снег.

Умерено облачно со сончеви периоди во текот на целиот ден ќе биде во централните и во југоисточните делови. Слаб северен и северозападен ветер, а во западните и во источните предели ќе дува слаб североисточен и источен ветер. Минималните температури ќе се движат од -1 до 6 степени, а максималните температури ќе достигнат до 2 односно до 11 степени.

Во Скопје во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и услови за слаби локални врнежи од дожд во попладневните часови. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 2 степени, а максималната дневна ќе достигне до 8 степени.

Weather4all.com.mk

ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ НА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Поради остатоци од снег на коловозoт, забрана за движење на тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово – Дебар. На патниот правец М.Брод-Прилеп Р-1303, поради оштетување на дел од мостот на Сланска река, воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила.

НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТ: Магла со видливост до 50м. има во Тетово.

ВНИМАТЕЛНО ВОЗЕЊЕ: На патниот правец Р1205 Крупиште – Пробиштип кај село Неокази сообраќајот се одвива со ограничена брзина од 20км/ч. поради слегнување на коловозот во должина од 20м. На самото место е поставена соодветна патна сигнализација.

СОСТОЈБА: Според информациите добиени во АМСМ од Ј.П. Македонија пат, сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница - Берово каде е можна почеста појава на одрони.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

ИНФОРМАЦИЈА: Потсетување за возачите на законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Таа обврска ќе трае до 15 март.

Извор - АМСМ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот