X
 30.03.2015 Наука

Студенти измислија апарат за гаснење пожар со звук

Научниците го користат звукот за да прават секакви видови на неверојатни нешта, од левитација до операција на мозокот. Сега, покажуваат дека звукот дека може да се користи и во изгаснување на пожари.

 

1


Студентите Сет Робертсон и Виет Тран од Универзитетот Џорџ Мејсон развија начин за користење на звукот како апарат за гаснење на пожар. Звучните бранови со ниска фреквенција слични на длабок бас што често можат да се најдат во хип хоп музиката, можат да го заменат кислородот. Ако кислородот е тргнат од горивото, огнот ќе „умре“.

Тимот го започнал нивниот потфат откако дознале дека звукот има способност да го прекине огнот. После долгото истражување, тие откриле дека не постои никаков производ на пазарот што работи на сличен начин, па така одлучиле да создадат свој. Најпрво експериментирале со звуци со висока фреквенција помеѓу 20.000 и 30.000 херци, но откриле дека 30 до 60 херци се идеален избор.

Резултатот е пренослив уред кој работи слично како традиционален апарат против пожар - генератор за фреквенција и картонска цевка која го канализира звукот до локализираното место. Со насочување кон огнот, огнот исчезнува.

Ова би можело да биде неверојатно нешто и тоа не само на Земјата, туку и во вселената. „Огнот е огромен проблем во вселената затоа што обичните апарати против пожар се шират насекаде. Со нашиот уред можете да ги насочитет звучните бранови без гравитација“, вели Робертсон.

Проектот има огромен потенцијал, но се`уште не е патентиран. „Се`уште сакаме да го тестираме“.

Кенет Е.Исман, професор на Универзитетот во Мериленд вели дека пронајдокот се`уште се соочува со некои ограничувања. „Еден од проблемите со звучните бранови е тоа што тие не го изладуваат горивото, такашто дури и ако го избркате огнот, тој ќе се обнови доколку не го оладите горивото“, вели тој.

 

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука