X
 06.04.2015 Наука

Што ги прави луѓето различни од останатите видови?

Би-би-си ги нарекува луѓето едни од најчудните видови кои живееле некогаш. Едно е сигурно - различни сме! Имаме големи мозоци, речиси немаме коса и нашите вилици се слаби. Згора на тоа, имаме проблеми со размножувањето, што не се наоѓа кај останатите видови. Тоа сме ние луѓето. 


Ние сме социјални животни

Првите примати еволуирале брзо по изумирањето на диносаурусите, а голем дел од нив започнале да живеат во групи. Дури и денес, луѓето подобро живеат во групи отколку сами.

Ген за крвоток до мозокот

Луѓето, шимпанзата и горилата се потомци на еден непознат изумрен вид, кој прв го имал генот за протекување на крвта до мозокот.

Гените ни се различни

Нашите предци се издвоиле од нивните роднини пред повеќе од 7 милиони години. Нивните гени започнале да се менуваат и разликуваат од оние на роднините.

Енергија за мозокот

Откако луѓето се раздвоиле од другите мајмуни два гени во нив мутирале и започнале да создаваат протеини кои ја пренесуваат глукозата во и надвор од клетките. Така, повеќе шеќер одел во мозокот и овој орган започнал да расте.

Рацете

Нашите раце ни овозможиле да создаваме алатки и да пишуваме зборови. Дел од нашата ДНК еволуирала брзо откако сме се раздвоиле од мајмуните, а таа е активна во нашите раце и дланки.

Послаба вилица

Во споредба со другите видови, луѓето не може да гризаат доволно силно бидејќи имаат послаба вилица. Помалата вилица ослободила место за растење на мозокот.

Разновидна исхрана

Нашите најстари предци јаделе најмногу овошје, но видот Australopithecus се издвоил и започнал да јаде повеќе растенија и месо.

Без крзно

Луѓето речиси немаат коса. Никој не знае зошто, но тоа се случило пред приближно 3-4 милиони години. Оттогаш, нашата кожа станувала се' потемна. оттогаш, сите наши предци биле црни, се' додека некои модерни луѓе ги напуштиле тропските предели.

Ген за интелигенција

Генот SRGAP2 бил размножен за трипати пред 3,2-2,5 милиони години. Една од копиите мутирала и предизвикала да се создадат повеќе врски во нашиот мозок.

Поголем мозок

Најстариот фосил од нашиот вид е стар 2,8 милиони години и во споредба со неговите предци имал многу поголем мозок.

Голема глава

За луѓето, раѓањето е тешко и опасно. За разлика од другите видови, мајките од нашиот вид речиси секогаш имаат потреба о помош. Одењето на две нозе го направило женскиот репродуктивен систем помал, а нашите глави растеле.

Контрола на огнот

Никој не знае кога нашите предци научиле да го контролираат огнот. Но, ова дефинирално многу нешта во нашата еволуција.

Зборување

Другите мајмуни се способни за испуштање звици, но луѓето се способни за произведување различни гласови.

Ген за јазик

Некои луѓе имаат мутации во генот FOXP2, поради што не може да ја разберат граматиката и да изговоран зборови. Овој ген е важен за учење и користење на јазикот.

Јаглехидрати

Нашата плунка содржи ензим кој може да ја вари храната полна со јаглехидрати. Ова го овозможило развивањето на земјоделството и сточарството, со што се појавиле и првите села и општества.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука