X
 09.04.2015 Наука

Нови слики покажуваат формирање на ѕвезда на оддалеченост од 4.200 светлосни години

Како изгледа една млада ѕвезда? На прв поглед изгледа како меѓугалактичко око на Саурон.

 

1

Новте нацрти објавени од Националната радио астрономска опсерваторија покажуваат формирање на масивна ѕвезда на 4.200 светлосни години оддалечени од нас. Ѕвездата, W75N(B)-VLA 2, е осум пати поголема од нашето сонце и се верува дека е само неколку илјади години стара. Новите слики ја фатија за време на нејзиното формирање.

Сликата подолу ја покажува ѕвездата кога таа за прв пат била забележана во 1996 година, од Националната фондација за наука, додека другата слика е од минатата година.

 

1


Ѕвездата испушта јонизирани ветрови неколку години, додека ветровите подоцна формираат сфера во форма на школка околу ѕвездата.

„Во распон од само 18 години, видовме токму она што претходно го предвидовме“, вели Карлос Караско Гонзалес од Центарот за радио астрономска опсервација.

Наодите покажуваат како се развиваат поголемите ѕвезди вореално време. „Нашето разбирање за тоа како масивните млади ѕвезди се развиваат е помалку комплетно од нашето разбирање како се развиваат ѕвездите слични на сонцето. Ќе биде одлична можност да се набљудува како ѕвездите се менуваат. Очекуваме да научиме многу од сето тоа“, додава Гонзалес.  
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука