X
 23.04.2015 Култура

Фотографија од Нилс Бор и Ајнштајн додека дискутираат за квантната физика

2

 

„Ајнштајн, престани да му кажуваш на Бога што да прави“, му реколна Ајнштајн физичарот Нилс Бор кој во просторијата преполна со познати светски научници зборувал како „Бог се коцка“.


Во 1927 година Бор и Ајнштајн биле двајца од 29 научници кои се наоѓале на петтата Солвејска конференција на меѓународниот институт по физика во Брисел, кадешто е направена фотографијата погоре. На неа научниците разговарале за темелите на ново создадената квантна теорија.

„Текот на конференцијата Ајнштајн ја водеше низ ментални експерименти за да докаже дека принципот на Хајзенберг не е сигурен, од каде што и потекнува квантната физика“, вели Џонатан Доулинг, еден од директорите на Хорас Херн институтот за теоретска физика.

Бор се обидел да ја оспори теоријата на Ајнштајн

„Секоја непроспиена ноќ Бор се грижел, се нервирал и размислувал за напад на Ајнштајн, а потоа следниот ден зборувал за оспорување на теоријата, покажувајќи каде Ајнштајн направил пропуст и на тој начин го спасувал принципот на  Хајзенберг. Нивната дискусија траела со денови на конференцијата и продолжила и по три години.

Во неговиот контра напад Бор ја употребувал теоријата на Ајнштајн против него, што резултирало со објава дека Бор победил со аргументите. 8 години подоцна, Ајнштајн се борел да докаже дека неговата теорија не е погрешна, туку некомплентна.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура