X
 05.05.2015 Технологија

Сега може да го пробате новиот "Office 2016"

„Microsoft“ ја објави најновата верзија од својот „Office 2016“ вчера како пробна за своите корисници. Кај неа се забележува една голема промена - автоматски ги зачувува документите на „OneDrive“.


Новиот „Microsoft Office“ е пуштен само во својата пробна верзија, а конечното излегување е најавено за оваа година, иако не се знае точниот период.

Од компанијата потврдуваат дека во новата верзија на „Word“ ќе биде достапна и можноста за симултано пишување од два компјутери.

Новост има и кај „Outlook“. Имено, документите во рамките на еден мејл ќе бидат автоматски качени на „One Drive“ наместо директно во пораката за да се овозможи полесно испраќање поголеми документи.

Пробајте го новиот „Office 2016“ овде.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија