X
 18.05.2015 Живот

Неделна временска прогноза - Какво време не очекува до крајот на работната недела?

Во Македонија во понеделник претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Попладне зголемување на која во крајните западни, северозападни и североисточни предели ќе услови локални врнежи од дожд. Слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели слаб североисточен и источен ветер. Утринските температури од 8 до 18 степени, а максималните ќе се движат во интервал од 22 до 32 степени.

Во Скопје во понеделник ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне наоблачување но без врнежи од дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 15 степени, а максималната дневна до 29 степени.

Во вторник ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и топло. Попладне во западните, северозападните и северните предели нестабилно со локални врнежи од дожд и грмотевици. Утринските температури од 8 до 18 степени, а максималните дневни ќе се движат од 20 до 30 степени.

Во среда умерено облачно со сончеви периоди. Попладне нестбилно со локални врнежи од дожд ќе биде во крајните источни, североисточни и северозападни предели. Утринските температури од 7 до 17 степени, а максималните дневни ќе се движат од 23 до 33 степени.

Во четврток претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Минималните температури од 7 до 17 степени, а максималните температури ќе се движат во интервал од 22 од 32 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот