X
 20.06.2015 Образование

Најдобрите универзитети во Азија за 2015

„Quacquarelli Symonds“ (QS), водечка глобална мрежа за кариера и образование, штотуку ја објави ранг-листата за најдобрите 300 универзитети во подрачјето на Азија.


Оваа година на првото место се наоѓа Државниот универзитет во Сингапур, додека минатогодишниот победник, Универзитетот во Хонг Конг се помести едно место долу и сега се наоѓа на второто место. Напредниот институт за наука и технологии во Јужна Кореја сега се наоѓа на третото место, додека изминатата година беше на второто. Најдобрите десет места најмногу се зафатени од универзитети во Сингапур, Јужна Кореја и Кина.

Кинеските универзитети покажуваат одлични резултати оваа година. Имено, дури 110 универзитети на листата од 300 најдобри се кинески универзитети.

Рангирањето секоја година се прави врз основа на повеќе работи: академска репутација, размер професори-студенти, истражувања спроведени од професорите итн. Листата од 10-те најдобри универзитети изгледа вака:

ГАЛЕРИЈА

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование