X
 26.06.2015 Живот

Професии во кои најчесто има психопати

Џејмс Фелон, невронаучник кој ја проучува причината за Алцхајмерова болест случајно открил дека е психопат и напишал книга за неговото искуство.

 

психопати


Фалон, како и повеќето луѓе со психопатски мозок, не бил насилна личност ниту пак сериски убиец, меѓутоа после откривањето на патологијата на неговиот мозок започнал да ги интервјуира пријателите, роднините и саканите личности за да дознае дали отсекогаш имал знаци на психопатско однесување. Се покажало дека имало и повеќе од доволно.

Само 1% од населението може да се квалификува како психопатско, додека во затворите ги има 25%. Но за разлика од раширеното мислење, повеќето психопати не се луди криминалци, туку одлично се снаоѓаат во општеството. Всушност, тие зрачат со шарм и оставаат одличен прв впечаток.

Кевин Датон, психолог на Оксфорд и автор на книгата „The wisdom of psychopaths: What Saints, Spies, and Serial Killers Can Teach Us About Success“, верува дека психопатијата може да биде предност во одредени професии, а еве во кои психопатите можат да се најдат најчесто.

1. Извршни директор

Иако истражувањата покажуваат дека многу извршни директори се фини луѓе, тие исто така покажуваат дека 4% од нив може да се квалификуваат како психопати. Психопатите ги дефинира преземањето на ризик, импулсивноста и недостатокот на страв, што може да се види кај успешните луѓе во бизнисот. Другите знаци се недостаток на емпатија, сочувство и лична одговорност.

2. Адвокати

Скоро секоја шала за адвокатите се темели на стереотипот дека се лажговци и преваранти со недостаток на морал и опседнати со профит по секоја цена. Јасно е дека психопатските способности за лажење и шармирање без последици може и тоа како да му помогнат на адвокатот.

3. Медиуми (телевизија/радио)

ОВа делува како прилично очигледен избор, бидејќи голем дел од луѓето кои ја работат оваа професија имаат нарцисоидна наклонетост.

4. Продавачи

Да имате психопат во екипата на продавачи и тоа како може да помогне бидејќи тие имаат големи шанси да бидат добри во она што го работат, особено ако се интелигентни и површни. Во истражувањето направено во 2011 година, откриено е дека најдобрите продавачи се нарцисоидни, социопати и имаат повисоко ниво на когнитивна емпатија.

5. Хирурзи

Иако докторите и медицинските сестри се наоѓаат на листата на професии во кои има најмалку психопати, проблемот со хирурзите е тоа што тие се насилни, егоцентрични и груби.

6. Новинари

Треба да бидете нарцисоидна личност за да стоите пред луѓето кои чекаат нешто да им кажете (или напишете). Морате да сметате дека вашето мислење и ставови се прилично важни кога сакате да ги прочитате пред јавноста.

7. Полицајци

Во време кога сите дискутираат за полициската бруталност и насилство, многу е напишано за психолошките профили на полициските службеници.  

8. Свештеници

Скандали со сексуално злоставување на деца ја раздрмаа католичката црква и чинеа неколку милијарди долари отштета. Денес е познато колку црквата ќе се потруди за да прикрие некое зло на сопствениот вработен за да не остави дамка кој никогаш не може да се избрише.

9. Готвачи

Во едно интервју познатиот Гордон Рамзи изјавил: „Готвачите се лудаци. Тие се опседнати со самите себеси и деликатни се и чувствително, несигурно о душата и целосно психопати. Буквално секој од нив“.
 
Поголемиот дел од нив се креативни и иновативни, и имаат проблем со алкохолот.

10. Државни службеници

Пред се` морате да бидете садист за да се занимавате со оваа професија. Поготово ако соработувате со луѓе и тоа секојдневно. Луѓето на оваа позиција поседуваат одредена моќ за која психопатите се жедни и имаат можност на другите да им го загорчат животот.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот