Филигранот отсекогаш фасцинирал во Старата Скопска Чаршија. Познатата работилница Спарк
Филигран на мајстор Аднан Рамадани, произведува не само уникатни парчиња филигрански
накит, туку создава и нови мајстори на овој уникатен занает. Овие талентирани артисани својот
уметнички сентимент, потенцијал и ново откриен талент, како и својата имагинација и чувство
за перфекција го преточуваат во креирање на прекрасни форми кои ја пленат душата, а не
можат да се најдат во продавниците. Филигранските базари се исклучителна можност каде
може да ги видите и купите овие мали ремек дела.
Mајстор Аднан Рамадани – Spark Filigree, Alma Idrizi Art, DobroMiStoi, Fil Ana design, Sara
Filigree, Jeta Nika, Pazar F, Anechi’s Atelier, Leanan le Fay, Ксенија Котев, MijaTova, Filigranika и
Lilee Filigree, Ве покануваат во Сабота во 20:00 во Безистен во Старата Чаршија. Базарот е
поддржан и од кафулињата во Безистенот Beni’s Yellow Submarine, Old Time Caffe и Galerija
Badaboom, каде и ќе се одржи настанот.
Под мотото “Support The Art of Filigree” овој базар се организира со цел да се продолжи овој
вид уметност и посетителите да имаат можност во живо да се сретнат со уникатните парчиња
накит.
Ние не чекориме по жица, ние остваруваме сонови од жица.