X
 14.09.2015 Живот

Голден Драм рака под рака со MSLGROUP CEE

Оваа година MSLGROUP CEE, најголемата ПР агенција во сопственост на Публицис Групацијата и Голден Драм, ги соединуваат силите на еден од највисоко рангираните креативни фестивали во светот, како ексклузивна ПР агенција и партнер на фестивалот. Соработката меѓу најјаките европски адвертајзинг протагнонисти ќе го направи овогодишниот Голден Драм уште поблизок за пазарите каде е актуелен, со нови можности и најдобри практики за подобра соработка со локалната заедница. Овогодинешниот Голден Драм со тема „Трансформација, Ослободување и Креативна култура“, организиран од Словенечката адвертајзинг комора, ќе се одржува од 13 до 16 октомври во Гранд Хотел Бернардин во Порторож, Словенија.

 

goldendrum

 

22 Голден Драм и MSLGROUP (Источно Европска агенција на годината во извештајот на Холмс) ќе работат истовремено на повеќе од 37 различни пазари низ Европа и Русија за промовирање на фестивалот и креирање на успешна приказна, прифаќајќи ја оваа соработка со голема радост.

 

Себастијан Хејновски, Извршниот Директор на MSLGROUP во Варшава, Полска, убеден е дека заедничката соработка ќе донесе големи резултати: „MSLGROUP го зајакнува своето присуство во Централна и Источна Европа. Со 4 канцеларии во целосна сопственост и блиски односи со партнери во секоја земја во регионот MSLGROUP веќе е еден од најсилните „играчи“ тука. Фестивалот Голден Драм е омилен во регионот. Верувам дека можеме да бидеме совршен спој“.

 

Марја Фелдин, Управен Директор на Фестивалот Голден Драм, вели: "Во текот на годините Голден Драм е особено горд на "Genius Loci", духот на местото и се стремиме да го интегрираме во комуникацијата со сите 37 пазари на кои сме присутни. Ова е причината зошто нашето партнерство со MSLGROUP е особено важно, бидејќи ова е токму она што тие го градат и во што вложуваат – локална експертиза со најдобрите глобални практики. Ни причинува особена радост да им посакаме добредојде на Г. Себастијан Хејновски, Извршен Директор на MSLGROUP Полска и Г. Томаш Павликовски, Извршниот Директор на Централна и Источна Европа (дел од Публицис Групацијата) во нашето Голден Драм семејство“.

 

Golden Drum е интернационален адвертајзинг фестивал, еден од најголемите адвертајзинг фестивали во Европа, организиран од Словенечката адвертајзинг комора, кој нуди искуство и можности за унапредување на кариерата за секој кој работи во креативната адвертајзинг индустрија, овозможувајќи лесен пристап до врвни експерти во индустријата, единствени можности за дружење, микс на култури и најдобро место за дружење. Оваа година, тема на 22 интернационален фестивал Голден Драм што ќе се одржи од 13 до 16 октомври во Гранд Хотел Бернардин во Порторож е “Трансформацијата, слободата и креативната култура”

 

Секоја година повеќе од 800 експерти од области како маркетинг, адвертајзинг, дизајн, талентирани креативци, како и студенти го посетуваат Голден Драм Порторож. Четиридневната програма нуди голем број на интересни говорници, преглед на креативната индустрија во 37 земји од Европа. Организаторите за оваа година ветуваат дека учесниците ќе имаат можност да бидат дел од програма со глобално потврдени предавачи.

 

Краен рок за пријавување за делегати е 18 септември 2015, повеќе инфо на www.goldendrum.com.

 

Важни датуми: Влез и регистрација: отворен Краен ден за пријавување учестви: 12 септември 2015 press@goldendrum.com,:www.goldendrum.com

 

Првиот Голден Драм фестивал е организиран во 1994 година, почнувајќи само како добра идеја, смела и амбизиозна. Оттогаш, интернационалниот адвертајзинг фестивал Голден Драм прерасна не само во важна европска манифестација, туку и во признат светски настан. Од Трст до Владивосток, од Хелсинки до ТелАвив, Голден Драм е препознаен како најголем, најважен и најпосетуван адвертајзинг фестивал и настан во годината. Во двете декади на постоење се здоби со углед на најпријателски фестивал меѓу големите адвертајзинг фестивали, а се организира под мото “oстра конкуренција, добро школо, луди забави и ѓаволски предизвик”

 

Во изминативе 21 година Голден Драм го посетија над 26.000 професионалци од 40 земји. Повеќе од 36.000 проекти аплицираа за престижните Голден Драм награди. Во жирито се вклучени познати адвертајзинг индивидуалци и признати професионалци од областа.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот