X
 14.10.2015 Култура

Музејот на град Скопје Ве поканува на отворањето на изложбата на Ангелина Спировска - Криптолити



Проектот во Музејот на град Скопје се реализира по повод Наградата „Борко Лазески“ која авторката ја доби во 2014 година.

Во договор со семејствота на Борко Лазески (кое на Музејот на град Скопје му ги подари картоните од овој уметник употребени за реализација на големата „Фреска за НОБ“ реализирана во аулата на Старата железничка станица во Скопје во 1958.) Музејот на град Скопје прифати секоја година да организира самостојна изложба на студент од Факултетот за ликовни уметности од Скопје кој во претходната учебна година ја освоил наградата „Борко Лазески“ за инвентивни достигнувања во сликарскиот оддел. Овојпат тоа е младата Ангелина Спировска

Оваа награда секако дека не е случајна бидејќи станува збор за талентирана и млада уметница која штотуку ги бара или ги насочува сопствените изрази кон големото поле на можности. Нејзиното досегашно искуство обилува со различни изразни решенија што постојано овозможуваат да се насетат нејзините реални потенцијали. Во секој случај таа е заинтересирана и отворена за различни сознанија и, веројатно, е подготвена на таквата заинтересираност да ñ одстапи доволно време и вложен напор тоа да најде одраз во нејзиното ликовно творештво.

Делата од проектот, изложбата „Криптолити“ имаат кружна форма како асоцијација на погледот низ тубусот од микроскопот низ кој Спировска открила некој, за нејзе, фасцинантен свет на структурата на камењата (криптолити) кои ги гледала низ него.

Таа наеднаш, без претходно искуство, навлегла во светот на енформелот и варијантите и варијациите кои таквата употреба на материјалот ги овозможува. Без да сака, Спировска се нашла во светот на постмодерните состојби: она што во минатото било користено како методологија за презентација на кризните состијби на субјектот во нејзиниот случај е прилика за израз на задоволство во откривањето на ефектите во работењето со него.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура