X
 02.11.2015 Култура

Дали ќе се смират американско-руските тензии? Дознајте во новата епизода на "Државна секретарка"

Изгледа дека ни во најновата, петта епизода на „Државна секретарка“ (Madam Secretary), која ексклузивно пристигнува на Pickbox, вечерва во 21 часот, нема да има мир помеѓу Русија и Америка.

Американската државна секретарка како и целиот американски државен врв, не можат да се помират со веста дека рускиот претседател е мртов и дека по сѐ изгледа дека на власт ќе го наследи неговата жена, Марија, која има многу конкретен план да ја заземе западна Украина. Според проценките на американските политичари, обичните Руси се во голема заблуда околу потенцијалниот напад на Русија од страна на Украина, па осмислиле план кој на Русите ќе им носи вести што не се гола пропаганда.

Во екот на оваа криза, на вратата на Елизабет Мекорд (Теа Лиони) ќе чукне и украинскиот претседател кој сака неговата земја итно да влезе во НАТО, затоа што поинаку нема да може да се одбрани од руската инвазија.

Со изопачената руска претседателка, Марија Остров, и со сталожената државна секретарка, Елизабет Мекорд која одлично реагира во кризни ситуации, никако не може да се случи мир. Во петтата епизода која пристигнува само 24 часа по американската премиера, први дознајте дали ќе се смират американско-руските тензии или овие настани ќе може да предизвикаат Трета светска војна. Во серијата во продукција на Морган Фримен, од епизода во епизода, драмите и напнатоста растат.


Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура