X
 23.12.2015 Забава

Првиот ден во Новата година се поминува со Шерлок Холмс

Среќна 1895 година, а со Шерлок решете и едно убиство
 
На чекањето му дојде крај! Најпознатиот детектив на светот пристигнува на Pickbox на 1.1.2016 година и ќе заблеска како ѕвезда во долгоочекуваната специјална епизода на „Шерлок“. По новогодишната ноќ ќе нѐ дочека исто толку возбудлив ден со актерите Бенедикт Камбербач и Мартин Фримен, кои нѐ носат директно на улиците на магливитиот викторијански Лондон.





ВИДЕО: Специјална епизода на Шерлок – Pickbox тизер



Големото враќање на Шерлок во викторијанската ера

Шерлок Холмс е еден од најпортретираните ликови во филмската историја, а улогата на Шерлок досега ја играле над 70 телевизиски и филмски актери. Без оглед на многуте адаптации, дури Шерлок на Стивен Мофат и на Марк Гатис стана глобален феномен. Освен што се гледа на сите страни од светот, само во Кина го следат над 90 милиони гледачи.

Начинот на којшто го пишувавме Шерлок беше таков што во многу нешта одговара на оригиналниот Шерлок. Најголемата разлика е во тоа што викторијанскиот Шерлок живее во многу поформален временски период, во кој убавите манири се на цена, рече Стивен Мофат.


Иако Шерлок Холмс не е најпрекрасната личност на светот и нема да ве замоли да му простите откако брутално ќе ве навреди, мора да се признае дека има брилијантен ум и дека е во состојба да ги реши и најзаплетканите злосторства. Дури и кога злосторникот изгледа многу паметен.

Тој е отпадник, интелигентен, не ја толерира просечноста, неверојатно е ефикасен, но има и свои слабости и мани. Мислам дека способноста за претворање на секојдневното, просечното и нормалното во потенцијална авантура е нешто што секогаш сум го спомнувал во врска со него, додаде Бенедикт за ликот што го игра.

Случајот на невестата дух

Иако Шерлок во неговите истраги го водат логиката и разумот, во новогодишната специјална епизода непријателот ќе биде малку поинаков, а истрагата ќе биде вистински предизвик.
Кога жената на богатиот Томас Риколети ќе изврши самоубиство, нејзиниот дух нема да почива во мир, туку ќе започне лут, одмазднички поход во својата венчаница. Додека Шерлок и Вотсон се обидуваат да дознаат за каков непријател се работи, нам ни останува да уживаме во врвната готска хорор-приказна, која на миг ќе ни втера вистински страв во коските.

Не знам како ќе реагираат обожавателите. Мислам дека тоа е една од убавите работи во оваа работа. Знаете, не можеме да го скриеме фактот дека снимаме, и тоа многу често во градовите или на јавните места каде што луѓето ќе нѐ сликаат облечени во викторијанска облека. Досега не ги разочаравме обожавателите, па се надевам дека нема ни сега. Се надевам дека ќе уживаат, искрено додаде Бенедикт за очекувањата од специјалната епизода на „Шерлок“.

Зошто се враќаме во викторијанското доба

Не пропуштајте ја на 1.1. во 22 часот, само на Pickbox. Специјалната епизода на „Шерлок“ ќе биде достапна на 8.1. во склоп на Pickbox на MaxTV, каде што можете да ги гледате и преостанатите 3 сезони од целосната серија.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава